Непознат сторител го усмртил таткото на славната раперка

Избегал од местото на несреќата

Фото: Getty Images

Ники Минаж сè уште не ја коментирала смртта на својот татко.

Таткото на славната американска раперка Ники Минаж, Роберт (64) починал откако го удрило возило додека шетал по улиците на Њујорк.

На Роберт Минаж налетало возило, кое не запрело, туку возачот побегнал од местото на несреќата, а сведоците не можеле да го опишат осомничениот, соопшти полицијата, пренесува ТМЗ.

Во критична состојба бил пренесен во локалната болница, каде што во саботата им подлегнал на повредите.

Локалната полиција бара сите сведоци на несреќата да се пријават.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pop Music Updates (@popmusicupdates)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.