Дојде време Џаред Лето да се огласи по повод аферата „мртов стаорец“

Конечно откри дали ѝ го подарил на Марго Роби

Џаред Лето конечно одговори на гласините дали ѝ испратил мртов стаорец на својата колешка Марго Роби за време на снимањето на филмот Suicide Squad.

Со години се зборува дека актерот и пејач се обидел да се соживее во ликот на Џокер на снимањето на филмот, па поради тоа им правел разни трикови за своите колеги.

Едно од најбизарните е дека им испраќал мртви стаорци на актерите и актерките, но тој негира дека се случило такво нешто.

Се забавувавме на снимањето, но никогаш не ѝ дадов мртва стаорец на Марго. Напротив, ѝ дадов торта со цимет“, рекол оскаровецот во неодамнешното интервју.

Марго еднаш изјави дека добила црна кутија од Лето во која имало стаорец – но кој бил жив. Подоцна изјавила дека на почетокот ѝ било непријатно кога го видела, но дека подоцна го чувала како домашно милениче.

 

Инаку, Лето пред неколку дена објави дека повторно ќе го глуми ликот на Џокер во претстојниот филм.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.