Неизмерна среќа за Новак Ѓоковиќ: „Му благодарам на Бога за овој благослов“

Има причина да биде горд

Новак Ѓоковиќ шести пат ја заврши годината на првото место на АТП-листата. На тој начин тој го изедначи рекордот на Пит Сампрас. Пред почетокот на завршниот АТП мастер, во Лондон му е врачен пехарот, а меѓу првите му честиташе сопругата Јелена.

Зар се веќе шест? Одимееее!!! Знам дека немаш време ни да прославиш бидејќи те чека голем труд, но да знаеш дека сите ние веќе на големо славиме и го пролсавуваме вака огромниот успех што го постигна“, напиша Јелена на Инстаграм, и продолжи:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Твојата приказна е толку инспиративна и моќна, толку многу поуки можам да извлечам и да искористам за да напредувам и самата… па дури и таа тишина и празнина на арената во време кога твојот успех ги урива рекордите е лекција за себе. Сето свое го носиме во себе. Ти благодарам што секогаш си повод за славење и за гордост, и во победите и во поразите“, заклучи Јелена, а потоа се огласи и Новак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Благодарен сум за големата енергија што ја добивам низ поддршката на сите вас во текот на долги години. Иако сам стојам на оваа фотографија, свесен сум дека овој пехар им припаѓа на целото мое семејство, тимот и на сите луѓе што веруваат во мене и ме поддржуваат. Едно големо благодарам на Господ и на ангелите чувари за верата, снагата, трпението, радоста, волјата и за водството низ животот да доживеам ваков благослов“, напиша тенисскиот ас.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.