Сет-шминки Bourjois на подарок за 1 читателка на „Убавина и здравје“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Парфимериите „Еликсир ексклузив“ подаруваат сет шминки Bourjois, кој ќе го добие една читателка на ноемврискиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Сетот содржи:

Bourjois Volume Glamour Push Up Volume – маскара чија четка ги витка и издолжува трепките. Долготрајна интензивна боја дури до 16 часа.

Со својата извонредна формула лесна како воздух, Air Mat течната пудра е збогатена со микронизирани прашоци кои даваат перфектен мат и беспрекорен тен, кој трае до 24 часа, без да се чувствувате како да носите маска!

Borjois Velvet The Pencil молив за усни со интензитет и формула на кармин. Долготраен резултат, високо пигментирани бои и прецизност.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.