„Не може да спие, слуша крици и вресок“! Ѓорѓе Давид бара стручна помош по сообраќајна несреќа

Трауми за цел живот...

Тажно…

Рок-музичарот и член на жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа, по што една жена го загуби животот. Пејачот не се чувствува добро по трагедијата и бара стручна помош за да ја надмине траумата.

Во сообраќајна несреќа што се случи пред неколку дена во Македонија, во која едно лице го загуби животот, популарниот рокер Ѓорѓе Давид, за среќа, се спасил со полесни повреди. Откако му биле направени тестови на крвта, било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати.

Во оваа сообраќајка учествувале три автомобили, меѓу кои и возило „опел инсигнија“ управувано од Ѓорѓе.

Музичарот веќе еднаш доживеал сличен хорор, кога неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа, додека тој за влакно ја избегнал смртта.

Извор близок до пејачката откри дека Ѓорѓе се чувствува лошо и не може да спие од несреќата:

„Ѓорѓе не е добро! Иако физички речиси целосно се опорави, психички воопшто не. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќи. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба разговор“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.