Наследниците на Кејт Мидлтон и принц Вилијам ѝ го посветија Денот на мајките на принцезата Дајана: Сите ги трогнаа со оваа порака!

Прекрасно!

Најмладите членови на британското кралско семејство со прекрасна честитка покажале колку им недостига баба им

По повод Денот на мајките што се славеше вчера во Велика Британија, децата на Кејт Мидлтон и принц Вилијам, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, ѝ испратија прекрасна порака на својата баба, принцезата Дајана, која трагично настрада во 1997 година.

Војводата и војвотката од Кембриџ објавија трогателна порака на Инстаграм која нивните наследници ѝ ја посветиле на непрежалената британска принцеза.

Многу се потрудиле околу честитката, а ја украсиле со мотиви на цвеќиња, срца и зајчиња. На баба им ѝ порачале дека многу ја сакаат и дека мислат на неа.

„Оваа година, Денот на мајките повторно ќе биде поинаков. Многумина од нас ќе бидат разделени од своите најмили, но му се радуваме на времето, во не толку далечна иднина, кога ќе можеме повторно да ја прегрнеме мајката. За жал, за оние што овие денови им е особено тешко, ова е дополнителен предизвик. Џорџ, Шарлот и Луис секоја година на овој ден изработуваат честитки во сеќавање на својата баба Дајана, поради принцот Вилијам. Без оглед на сè, мислиме на тебе денес“, напишале Кејт и Вилијам на Инстаграм.


Принцот Хари исто така ѝ оддал почест на својата мајка Леди Ди, договарајќи да се положи цвеќе на гробот на принцезата Дајана во Алторп, Нортхемптоншир по повод Денот на мајката, кој во Велика Британија се одбележува на 14 март.

Принцот Хари имал 12 години кога мајка му загинала во 1997 година, а принцот Вилијам имал 15 години.
По бомбастичното интервју на помладиот брат на Вилијам, принц Хари, и Меган Маркл, принцот Вилијам прв одговори во јасност на непријатните обвинувања за расизам во кралското семејство.

Покојната Леди Дијана го спасила помладиот син: Еве колку точно пари наследил принцот Хари откако бил отсечен од кралското семејство поради „мегзит“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.