Му помогнале на зетот да ја смести сестра им во лудница: Кои се браќата на принцезата Шарлин?

Целиот свет зборува за неа

Според официјалното соопштение од палатата, здравствената состојба на нејзиното величество е многу лоша

Принцот Алберт од Монако неодамна ја изненади јавноста откривајќи дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, се наоѓа во психијатриска установа.

Според официјалното соопштение од палатата, здравствената состојба на нејзиното величество е многу лоша, поради што не можела да присуствува на прославите во чест на Денот на Монако. Според советот на лекарите, Шарлин неколку недели ќе одмора на тајна локација, а со јавните должности ќе продолжи кога целосно ќе оздрави.

Одлуката да побара стручна помош, како што е соопштено, се должи на длабока емотивна и физичка исцрпеност, а, наводно, двојката ја донела таа одлука заеднички, во што помогнале и нејзините браќа Гарет и Шон.

Помладиот брат Гарет има 41 година и по занимање е инженер, а роден е во Јужна Африка како неговата сестра. Кога Шарлин се омажила за принцот Алберт и тој се преселил во Монако, каде што често можел да се види во друштво на кралското семејство.

„Ѝ треба семејството, а ние сме многу поврзани. Редовно ја гледа, често се посетуваме еден со друг, ќерка ми си игра со нејзините близнаци. Принцот Алберт е неверојатна личност. Од првиот ден се чувствував пријатно со него. Тој е сопруг на мојата сестра, но тоа не значи дека не го почитувам како владетел“, рекол Гарет во една пригода.

Гарет нашол и љубов во Монако. Пред шест години се венчал со Ројзин Галвин, со која има ќерка Каја Роуз. И двајцата работат во Фондацијата на принцезата Шарлин, а Гарет е и крстениот кум на близнаците на сестра му.

Другиот брат на принцезата Шон, не може да се види толку често во јавност. Тој сè уште живее во Јужна Африка, каде што во 2013 година се оженил со Шантел Серфонте, со која има син и ќерка. Исто така соработува со фондацијата на сестра му.

Додека нејзиниот сопруг тврди дека принцезата има психички проблеми и дека се лекува, Шарлин побегнала со милијардер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.