Многу луксуз, драма и љубов: Ги нарекуваат италијанските Кардашијани, додека тие заработуваат милиони!

Семејството Ферањи

Таа е блогерка, инфлуенсерка, претприемачка, а сега и ријалити ѕвезда

Италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи полека го изгради својот имиџ на позната инфлуенсерка и трендсетерка во Италија. Таа ја започна кариерата со блогот The Blond Salad, каде што се занимаваше со мода и патувања, а денес има сопствен моден бренд, агенција и речиси 30 милиони следбеници на Инстаграм, со што важи за една од најпознатите инфлуенсерки во светот.

Кариерата ја започнала во 2009. со споменатиот блог, а својата работа со текот на времето ја проширила и на Инстаграм, каде што денес, покрај деловни соработки, објавува и делови од своето секојдневје кое моментално ѝ го исполнуваат Лео и Виторија, двете деца што ги добила со италијанскиот рапер Федез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Освен нив, на Инстаграм често може да се видат и нејзините сестри Валентина и Франческа, како и родителите Марина Ди Гуардо и Марко Ферањи.

Нејзината најмала сестра Валентина тргнала по нејзини стапки, па моментално ѝ е посветена на инфлуенсерската работа која ѝ донела соработки со луксузни брендови, како што се „Прада“, „Диор“, „Фенди“ и „Луј Витон“, а има и сопствена линија на накит. Од друга страна, Франческа тргнала по стапките на нивниот татко и станала докторка по дентална медицина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Сепак, и кај неа повремено може да се видат платени објави од различни брендови. Девојките ја засакале модата благодарение на мајка им, која еден период била во модниот бизнис, а денес е книжевничка која зад себе има неколку крими-романи.

Токму поради тоа што целото семејство е присутно на социјалните мрежи, Италијанците ја нарекуваат Кјара италијанската Кардашијанка. Имено, и таа како и Ким, ги повлекла своите сестри во светот на инстаграм-маркетингот, а добро познато е дека сите тие имаат свои дополнителни бизниси – од бјути-брендови до алкохолни пијалаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Она што дополнително потврдува дека Ферањи би можеле да бидат новите Кардашијани е фактот што имаат свој реален документарец The Ferragnez, кој настанал во продукција со платформата Амазон. Во серијата може да се види целото семејство – од Кјара и Федез и нивните деца, до нејзините родители и сестри, како и родителите на Федез. Многу Италијанци ѝ замеруваат поради тоа што премногу ги експонира своите деца во медиумите и тврдат дека веќе не гледаат разлика меѓу неа и Кардашијанките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

На овие коментари еднаш одговорил и Федез во подкастот Breaking Italy.

„Кардашијанките се реално шоу, а јас и Кјара прикажавме само мал дел од нашиот живот.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)


Сепак, многумина не би се согласиле со тоа. Имено, во мај минатата година се откри дека тој боледува од рак на панкреасот. По објавата и барањето приватност, претприемачката и раперот се повлекле од социјалните мрежи. Сепак, во својот реален документарец првата епизода ја посветиле на здравјето на Федез – сè од одењето на рутински преглед поради астма до откривањето дека, сепак, има проблеми со панкреасот.

Поради Инстаграм го напуштила факултетот: Денес е позната инфлуенсерка, а од цифрите што ги заработува ќе ви се заврти во глава!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.