Синот на Кристофер Рив по смртта на родителите му припаднал на соседот: Имал само 11 години, а денес е ист како татко му!

Еве со што се занимава

Поминаа 19 години од смртта на легендарниот Кристофер Рив, кого многумина го сметаа за единствениот Супермен

Најмладиот син на Кристофер Рив, Вил, деновиве заврши на насловните страници на многу весници откако станаа вирални фотографиите на кои се гледа неодоливата сличност меѓу него и покојниот татко.

Легендарниот Кристофер Рив и денес им е омилениот Супермен на многумина, улога што првпат ја толкувал во 1978 година, а се појавил дури во три дела.

Откако доживеал ужасна несреќа во 1995 година кога паднал од коњ, останал парализиран од вратот надолу, но тоа не го спречило до смртта да ја подигнува свеста и да финансира истражувања за повреди на ‘рбетниот мозок. По неговата смрт во 2004 година, неговите деца продолжиле по неговиот пат, а најмногу најмладиот син Вил.

Денес 31-годишниот маж не одбрал глума како татко му, од кого го наследил добриот изглед, туку одлучил да стане новинар и многу е успешен во својата работа.

Кристофер Рив имал син Вил (31) со американската актерка, пејачка и активистка Дана, која починала од карцином на белите дробови две години по неговата смрт, додека од првиот брак со Гае Екстон го добил синот Метју (43) и ќерката Александра (39).

Иако немаат иста мајка, Метју, Александра и Вил се многу блиски од најрана возраст, а најмладиот Вил е горд вујко на осумгодишниот Кристофер, кого го родила Александра во 2015 година и му го дала името по славниот дедо.

Малку се знае за приватниот живот на Метју Рив, додека Александра е во брак со Гарен Гивенс и има син Кристофер, а Вил е во врска со Амана Дабин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Reeve (@willreeve_)

Откако му починале таткото и мајката, грижата за Вил ја презел соседот и семејниот пријател, кој се погрижил да заврши училиште.

Имено, кога татко му останал парализиран, Вил имал само две години, додека во моментот на неговата смрт имал 11 години. Иако се испробал во глумата, па во 1997 година глумел во телевизискиот филм In the Gloaming со Глен Клоуз, што го режирал неговиот татко, а потоа се појавил и во уште еден негов проект The Brooke Ellison Story, одлучил да тргне во друга насока, па дипломирал англиска и американска книжевност во Вермонт.

Потоа, добил работа како водител на Sports Center на ESPN во 2015 година, а три години подоцна почнал да работи за Еј-Би-Си Њуз каде што работи и денес на емисиите Good Morning America, World News Tonight with David Muir и Nightline.

Вил, меѓу другото, од 2013 година е и член на Управниот одбор на Здружението „Кристофер и Дана Рив“, хуманитарна организација посветена на пронаоѓањето третмани и лекови за парализа, предизвикана од повреди на ‘рбетниот мозок и други невролошки проблеми.

Во слободно време учествува на маратони и триатлони, а покрај татко му, со кого често одел на натпревари, го засакал и хокејот.

Холивудска приказна што ќе ви го скрши срцето: Животот не му поделил добри карти, но неговата храброст и оптимизам се инспирација!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.