Минимална плата за сите вработени во јавниот сектор за април и мај, освен за полицијата и медицинскиот персонал

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест во висина од просечната плата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека СДСМ подготви нов огромен економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради епидемијата – во вкупна вредност од 200 милиони евра.

Така, за април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од кризата. Фирмите само ќе си ги платат придонесите, а според Заев станува збор за  99 шифри на дејност, односно безмалку половина од нив се погодени од кризата.

Тој, сепак, нагласи дека знае кои од нив не се погодени од кризата, споменувајќи дека од мерката ќе бидат исклучени сите  фирми кои ќе  даваат дивиденти и бонуси за 2019 година  и кои сега  ги повлекуваат“, објасни тој.

Помош, рече Заев, нема да има за оние вработени кои имаат поголема нето-плата од 39.900 денари. Потоа, фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

Правиме се’ секој работник да го задржи работното место, затоа за оваа мерка ќе се одвојат 120 милиони евра“, рече Заев.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест во висина од просечната плата, додека сите функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.

Сите вработени во јавниот сектор на државно и на локално ниво ќе добиваат исто така минимална плата за април и мај. Ова не се однесува на медицинскиот персонал, полицајците и сите што се справуваат со коронавирусот.

Ова се предлог-мерките што ги претстави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.