Првиот смртен случај од коронавирусот кај нас е 57-годишна жена од Куманово

Посмртно е дијагностицирана

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека првиот смртен случај од КОВИД-19 во државата е 57-годишна кумановка, која имала два негативни теста на вирусот, но поради ненадејното влошување на здравствената состојба, кое е карактеристично за инфекцијата предизвикана од КОВИД-19, посмртно и’ бил направен трет тест кој покажал дека починала како последица на коронавирусот.

Во болница е и нејзиниот син, кој денеска е префрлен на инфективната клиника во Скопје поради влошување на состојбата.

Во изминатото деноноќие, земјава бележи раст на бројот на новозаболени. До 12 часот има 29 ново заболени, а вкупната бројка на лица со дијагностициран коронавирус се искачи на 114.

Скопје има најмногу – 65 заболени, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.

Според анализите на епидемиолозите, сите заболени биле во контакт со заболен или дошле од странство, односно нема заболен а да не знае како се инфицирал од коронавирусот.

На инфективната клиника има 24 пациенти, од кои 7 се на кислородна поддршка, а кај пациентката што е на респираторна машина состојбата е непроменета.

Комисијата за заразни болести до владата ќе предложи и дополнителни ограничувања за лицата над 65 години, кои ќе може да се движат само во раните утрински часови до аптека или до маркет, а се размислува и за воведување рестрикции за движење на младите до 18 години.

Од утре, на 14 пунктови низ Македонија ќе се врши тестирање на коронавирусот. Оние граѓани што чекаат на границите за влез, задолжително ќе одат во групни карантини во објектот во Демир Капија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.