Милош Биковиќ се раздели со девојка си и се огласи на Инстаграм: Еве што откри

Толку беше од бајката

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се разделија веднаш по враќањето од одморот на Малдиви. Актерот и адвокатката заминаа на одмор од бајките, за кој многумина сонуваат, да се одморат од напорните деловни обврски, а сега на ред е да му се вратат на пребукираниот распоред.

Токму затоа, Милош не ги ни отпакува куферите, туку се упати на нова локација, овојпат без својата избраничка, поради што порталите веднаш почнаа да пишуваат за нивното раскинување.

Тоа што Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се разделија не значи дека парот ја прекинал врската, туку дека само физички се оддалечија поради работата.


Имено, додека убавата Ивана престојува во Белград, Милош последните денови од летото ги поминува во Хрватска, каде што со својот тим работи на продолжението на филмот и серијата „Јужен ветер“.

Повторно дува „јужен ветер“! Моментално сме во Хрватска. Снимаме во засилен ритам. Ќе биде шаренолико – најави Биковиќ на „Инстаграм“, среќен што ѝ се вратил на големата љубов – актерството, а не се сомневаме дека ќе биде еднакво среќен кога ќе ѝ се врати и на Ивана.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.