„Бараше од мене да се пресоблекувам пред сите“: Најубавата актерка открива како жените биле искористувани во филмската индустрија

Ја малтретирал

Шарлиз Терон размислувала за едно непријатно искуство за време на снимањето на еден филм, кога режисерот барал од неа постојано да се пресоблекува пред него, поради што се почувствувала беспомошно.

Актерката Шарлиз Терон неодамна во едно интервју зборуваше за сексуализацијата на жените во Холивуд и раскажа какви искуства ја мотивирале да основа своја продукциска куќа.

Шарлиз зборуваше за непријатното искуство со машки режисер на снимањето на еден  филм. Режисерот, кого не сакаше да го именува, ја принудувал постојано да пробува куп костими на сетот, иако немало потреба од тоа.

Конкретно се сеќавам на еден филм, чиј режисер само ми носеше костими и ме замолуваше да ги пробувам. Беше толку очигледно која му е намерата – немаше врска со мојот изглед во филмот, вели таа.

Кога почнала да работи во филмската индустрија, на Шарлиз ѝ пречело што мажите ѝ наредувале што да облече, без никаква дискусија.

Апсолутно да немаш контрола врз тоа што го носиш е голема работа што ме нервира со години. Тоа што некој маж те тера да пробуваш облека пред сите е навистина понижувачки, рекла актерката.

Тоа била причината поради која ја основала својата продуцентска куќа.

Постои оваа природна борба во мене да создадам средина каде што работите ќе бидат онакви какви што сакав да бидат пред 30 години, кога почнав да се занимавам со овој бизнис, објасни таа.

Шарлиз, која моментално е сингл, го коментираше и приватниот живот, изјавувајќи дека никогаш нема да се омажи.

За време на ковид-19, еден маж беше заинтересиран да биде со мене. Тоа беше само длабоко нурнување во интимата. Не бев сигурна дали сакам такво нешто, призна таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.