Маријана Сеиферт е мртва? Нејзината сестра Маја се „распаѓа“ на овој ден

Непребол

Сестрата на исчезнатата победничка на „Големиот брат“ минува низ агонија поради сè…

На Маја Ковачевиќ денеска не ѝ е добро, затоа што ѝ е роденден на исчезнатата сестра Маријана Сеиферт, за која вели дека има чувство дека повеќе не е жива.

Не се чувствувам добро, денес ѝ е роденден на мојата покојна сестра, а ме нападнаа дека сум сакала да земам пари. Тоа е лага. Никогаш не сум земала ништо од никого. Ме нападнаа и кажаа секакви работи. Имав нервен слом и се колнев во детето – низ солзи рекла Маја.

Да потсетиме, мистеријата околу исчезнувањето на поранешната победничка на „Големиот брат“ Маријана Сеиферт продолжува, иако таа исчезна пред речиси една година.

Во ноќта кога Маријана веројатно умираше, сонував како се збогуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот телефон и ѝ се јавив на сестра ми со која се немав слушнато еден месец. Не одговори, а јас веќе имав чудно чувство“ – изјави Маја за „Слободна Далмација“.

За жал, мислам дека веќе не е жива. Чувствувам дека ја нема. Сакаме само конечно да ја дознаеме вистината и да можеме достоинствено да се збогуваме со неа“ – вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

Почина таткото на исчезнатата Маријана од „Големиот брат“ од тага по неа!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.