Познатата пејачка ЖИВЕЕ СО ТУМОР НА МОЗОК и одбива да го оперира: ЕВЕ зошто се посомневала на Алцхајмерова болест

Изгледа најдобро досега

Шерил Кроу, познатата пејачка и добитничка на девет „греми-награди“ (а беше номинирана дури 32 пати), на годинешното доделување на овие престижни музички признанија во Лос Анџелес ја изведе песната Songbird со Бони Рејт и Мик Флитвуд во чест на неодамна починатата музичарка Кристина Мекви.

Шерил, која за неколку дена ќе го прослави својот 61 роденден, изгледаше прекрасно на црвениот тепих, каде што се појави во елегантен корсет-фустан без ракави, со шлиц над коленото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sheryl Crow (@sherylcrow)


Симпатичната музичка ѕвезда, инаку, често е во центарот на вниманието бидејќи живее со бениген тумор на мозокот, кој одбива да оперира, а дијагностициран ѝ е менингиом, што самата потврди уште во 2012 година.

Откако се појавија шпекулации дека пејачката има рак, таа одлучи да проговори и да ги утеши своите обожаватели со објаснување дека не се работи за рак, туку за бениген тумор.

Сакам да ве известам дека сум добро, изјави тогаш Шерил.

Како што самата објасни, таа дознала за својата болест откако забележала проблеми со помнењето, плашејќи се дека боледува од Алцхајмерова болест.

Бев толку загрижена за помнењето што веднаш отидов на магнетна резонанца. Дознав дека имам тумор на мозокот, изјави пејачката.

Инаку, сигурна е дека менингиомот настанал затоа што прекумерно го користела мобилниот телефон.

Ниту еден лекар нема да ми потврди, но јас сум убедена дека е поврзано со тоа. Со часови го користев мојот стар мобилен телефон, изјави таа пред неколку години во една емисија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sheryl Crow (@sherylcrow)

Сепак, пејачката не сака операција. Овој тумор многу бавно расте, бениген е и Шерил признава дека не сака уште една голема лузна да ја потсетува на нејзината болест и на грижите.

Одам на прегледи на секои шест месеци, но не сакам да го отстранам бидејќи тоа би значело дека ќе имам уште една голема лузна, искрена беше Шерил Кроу пред неколку години.

Фото: Instagram/@sherylcrow, Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.