Кралот Чарлс стравува од посмртната одмазда на Дијана: Ни тој ни кралицата Елизабета не ѝ ја исполниле последната желба!

Прочитајте

Принцезата Дијана беше омилена во јавноста, за разлика од тогашниот принц Чарлс, кој не уживал толкава популарност

Принцезата Дијана важи за омилената принцеза, додека тогашниот принц Чарлс никогаш не бил особено популарен во своето кралство. Иако Дијана никогаш не му давала преголема важност на фактот што еден ден нејзиниот син ќе го заземе кралскиот престол, сепак ги воспитувала Вилијам и Хари за сето тоа што ги очекува.

Во интервју од 1995 година зборувала за своите желби за идниот крал, принцот Вилијам. Наводно, дури и кралицата Елизабета Втора размислувала токму нему да му ја предаде круната и да го прескокне својот син Чарлс.

„Чарлс и онака се чувствува многу несигурно поради анкетите што покажуваат дека Вилијам е многу попопуларен од него меѓу Британците, а знае дека и кралицата е свесна за тоа. Затоа се плаши дека последната желба на Дијана би можела да се оствари“, рекол своевремено извор близок на кралското семејство.

Додал дека тоа би можело да се смета за „одмазда на Дијана од гробот“. Британските медиуми потврдиле дека со години се знае дека принцезата Дијана имала таков став, односно дека сакала престолот еден ден да го преземе Вилијам, а не Чарлс. Сепак, не постојат официјални информации за последните зборови на принцезата пред смртта, иако доволно се знае за нејзините последни желби.

Добро информирани извори неколку пати откривале дека Дијана била убедена дека британскиот престол најдобро ќе го води Вилијам, бидејќи луѓето повеќе го сакале од Чарлс, кој во еден момент ја носеше и толку ласкавата титула на прељубник.

Да се потсетиме, принцезата Дијана загина по сообраќајна несреќа во Париз под сомнителни околности, а додека еден пожарникар ја изнесувал од уништениот автомобил, наводно, нејзините последни зборови пред смртта биле: „О мој Боже, што се случи?“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.