Особина што секогаш укажува на предавство: Ако го забележите ова, бегајте што побрзо, дури и да ви е личноста драга!
Отворете очи
Како да препознаете личност склона на предавство? Само внимателно погледнете дали ја има оваа особина и веднаш ќе ви биде јасно
Предавството секогаш се случува неочекувано, не ни дава време да се подготвиме, па затоа и ни паѓаат тешко тие моменти и потоа ни требаат денови, месеци и години за да ги преболиме.
Но ако навреме забележите една особина кај одредена личност, можеби ќе откриете дека можете сè да очекувате од неа, па дури и предавство. Само така ќе бидете подготвени и заштитени.
Некој филозоф одамна рекол: алчноста е повод за предавство. Кукавиците ги предаваат саканите за да се спасат себеси. Озборувањето укажува на склоност кон предавство, бидејќи „денес зборува со тебе, а утре ќе зборува за тебе“. Оној што шири зли трачови и ги осудува другите, тој е склон на предавство.
Меѓутоа, понекогаш дури и навидум моралната личност може да ве предаде. Па така, постои една особина што недвосмислено укажува на можно предавство, а тоа е зависта.
Ако забележите завист кај некој човек, дури и кај најблискиот, чувајте се. Бидејќи оваа личност е во состојба да ве предаде во прва прилика. Воопшто не мора оваа личност да ви завидува вам лично, може да му завидува кому било.
Зависта и предавството секогаш одат рака под рака. Зависта е мајка на предавството. Само обрнете внимание на сигналите и ќе бидете подготвени.
Коментарите се заклучени.