КОЈА Е АДВОКАТКАТА НА ЏОНИ ДЕП КОЈА ЈА УНИШТИ АМБЕР ХЕРД ВО СУДНИЦАТА: Цел свет мисли дека е ВО ВРСКА со актерот, но вистината е ОВА!

Многумина ги забележаа погледите и допирите кои Деп и Камила ги разменуваа во судницата, а таквата интимност предизвика сомнеж кај многу корисници на социјалните мрежи и поттикна лавина од шпекулации дека адвокатката е во врска со актерот.

Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд крена дигна голем прав во јавноста, а сега вниманието од поранешните сопружници се сврте кон адвокатката на Деп, Камила Васкез. Нивната блиска врска во судницата поттикна гласини дека таа и Деп се во врска. Сепак, изгледа дека шармантната адвокатка е среќно вљубена во британски агент за недвижности.

Имено, згодната адвокатка на Џони Деп, 37-годишната Камила Васкез, привлече значително внимание за време на неговата тужба од 50 милиони долари против Амбер Херд.

Неодамна се појавија шпекулации дека врската на познатиот актер и атрактивната адвокатка прераснала во нешто многу повеќе, но според TMZ, адвокатката, чија кариера е во нагорна линија, веќе неколку месеци е во сериозна врска.

Од друга страна, Камила, која живее во Калифорнија, не зборува за приватниот живот во јавноста, не коментира во медиумите настани кои не се поврзани со судницата, а исто така не е присутна на социјалните мрежи.


TMZ сега пишува дека Камила го смета Џони за исклучително духовит и дека не може да остане рамнодушна на неговата смисла за хумор, па не може  да не се смее на некои негови шеги, иако во тој момент се во судницата. Уште поважно, од TMZ откриваат дека Камила е среќно заљубена, а веќе неколку месеци е во сериозна врска со британски агент за недвижности.

Инаку, интеракцијата меѓу Камила и Амбер за време на вкрстеното испрашување стана доста напната. Во еден момент, Васкез ја принуди Амбер да признае дека, и покрај претходните тврдења, ги нема донирано 7-те милиони долари, добиени од развдот со Џони Деп, во добротворни цели. По ова, социјалните мрежи експлодираа, а обожавателите на Деп станаа и нејзини фанови.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.