Јелена Розга за најемотивниот момент во 2022 година: „Гледајќи ги солзите на родителите…“

Шоубизнис

Јелена Розга вели дека уживала во годината од која ќе се збогуваме наскоро.

Јелена Розга е една од најпопуларните пејачки на Балканот. Својата музичка кариера ја започна далечната 1996 година со групата „Магазин“ и набрзо стана вокал што сите сакаат да го слушаат.

Таа го оствари својот музички сон, а оваа година ѝ донесе и многу убави моменти. Како што вели, не сака оваа година да помине бидејќи ѝ донела многу добри работи.

„Некако знам дека луѓето одвај чекаат да помине годината, но сепак не го пуштам ова чувство, се` уште уживам во мојот сон. Годинава излезе и мојот акустичен албум во кој ги истурив сите мои емоции и го подарив на себе и на мојата публика. Насмеана и среќна, оваа година заминувам и со нетрпение ја очекувам новата“, изјави пејачката за „Јутарњи.хр“ и истакна што за неа беше особено емотивно во 2022 година:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

„Мислам дека луѓето одлучија да го живеат животот посреќно, а со грижите да се справуваат на поинаков начин. Во оваа година, особено емотивен момент за мене беше присуството на моите родители на промоцијата на акустичниот албум и концертот, затоа што знаете, без разлика колку години имате и што и да правите во животот, гледајќи ја гордоста и солзите на твоите родители се тоа чувство кога си велиш „вредеше се““, објаснила пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.