Констракта продолжува да постигнува успеси: Наградата за најиновативен настап на Евровизија замина во нејзини раце

Музика

Фото: Принтскрин

Пејачката доби најмногу гласови од публиката.

Ана Ѓуриќ Констракта годинава привлече големо внимание со својот настап и песната „In corpore sano“. На изборот за песна на Евровизија таа беше на петтото место.

Официјалниот евровизиски профил на Инстаграм, по гласањето на верните следбеници, настапот на Контракта го прогласи за најдобар сценски настап на целото натпреварување.

Конструкта веќе е наградена за најдобар текст на најголемиот европски музички натпревар, а сега доби и признание за најиновативниот сценски настап – миење раце во познатиот леген, кој го обиколи светот.

Додека едни во коментарите честитаа на српскиот претставник, други беа разочарани од ваквата одлука, па покрај позитивните, имаше и негативни коментари под објавата.

„Миењето раце не е иновативно. Извинете, но ништо за оваа песна не е иновативно“, „Нема шанси да го наречете ова најиновативна изведба на годината“, „Што е иновативно овде?“, „Не заслужува награда“, „Песната не стана хит на Балканот поради „длабоката порака“, туку поради смешниот текст“…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.