Изненадување на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета: Овој таен гостин од Холивуд предизвикал метеж!

Изненадување!

Тој се појавил во Виндзор пред прославата за Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора и предизвикал огромен метеж меѓу локалците, а потоа на сцената приредил спектакл, достоен за самиот настан

Во Виндзор вчера била организирана коњичката претстава Royal Windsor Horse Show на која присуствувала славеничката, кралицата Елизабета Втора (96), која одамна не сме ја виделе олку среќна и восхитена.

Претставата била во рамките на одбележувањето на Платинестиот јубилеј на британската кралица, односно нејзините 70 години владеење. Програмата ќе трае до четврток вечер.

Елизабета Втора била дочекана со овации кога се појавила во арената. Била следена со аплауз додека со грофицата и грофот од Весекс се приближувала кон кралската ложа. Иако има проблеми со подвижноста, поради кои морала да се откаже од низа јавни настапи, не сакала да го пропушти вчерашниот јавен настан.

Таен гостин од Холивуд

Домаќин на коњичкото шоу бил еден од најпознатите и највлијателните холивудски актери, Том Круз, кој приредил големо изненадување кога се појавил вчера во Виндзор. Бил лежерно облечен, а присутните ги поздравил со препознатливата насмевка.

Во текот на вчерашниот ден, не била позната улогата на холивудскиот актер на важната свеченост. Но ја навестил водителот и новинар Алан Тичмарш, кој исто така ја водел програмата, а на шега го поставил прашањето:

„Дали на Том Круз ќе му пречи ако биде на мојата сцена?“

Том Круз пред излегувањата на сцената кажал што мисли за кралицата Елизабета Втора:

„Таа е жена на која исклучително ѝ се восхитувам. Поседува огромна истрајност и му се восхитувам на нејзиното достоинство. Голем љубител сум на историјата и имам голема почит кон неа. Ова е прекрасно, навистина ја сакам традицијата! Каков момент!“.

Кралицата Елизабета лансира сопствен парфем… за кучиња!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.