Има најголеми гради во Европа и поради тоа трпи големи болки: Си ја уништила природната убавина за да изгледа бизарно!

Неверојатно!

Мартина Биг е жената со најголеми гради во Европа, а со многуте операции си го променила личниот опис

Мартина Биг е родена како белкиња во Германија, но со текот на времето посакала да има изразено темен тен, па почнала да прави разни операции за да ја постигне својата цел.

Па затоа, си го променила и името:

„Моето ново африканско име е Малаика Кубва“, напишала таа на својот веб-сајт.

Освен по промената на тенот, луѓето ја препознаваат и по изразено големите гради.

Таа е со дечко ѝ Мајкл од својата 17-та година и тој истовремено ѝ е менаџер. Со негова поддршка, посакала да направи липосукција за да ја префрли маста од половината во колената. Меѓутоа, не застанала тука, па нејзината најнова желба е да си го зголеми задникот за да добие облини како вистинска Афроамериканка.

Мартина тврди дека има најголеми гради во Европа, а откако ги покажала фотографиите пред бројните операции, јавноста била шокирана. Стјуардесата си го променила личниот опис, сѐ со цел да изгледа како Афроамериканка. Некогаш имала руса коса и природен, посветол тен на кожата, а денес има црна коса и потемнет тен.

Под фотографиите „пред и потоа“, Мартина напишала:

„Фотографијата од лева страна е направена пред 10 години, пред да ја направам првата пластична операција. Во меѓувреме се променив од глава до пети, додека една од најголемите промени им се случи, секако, на моите гради.“


Бројните операции го изложиле здравјето на Марина на голем ризик, но таа не се грижела за тоа. Ризикувајќи си го здравјето, сѐ повеќе ги зголемувала градите, поради што нејзиниот градник достигнал огромна, неприродна величина 32Т. Иако на многумина им се допаѓа трансформацијата на Мартина, таа не поминала без компликации.

Нејзините огромни и засекогаш проширливи импланти, лекарот ги надувува со помош на физиолошки раствор преку вентил скриен под нејзиниот пазув, па поради тоа Мартина не може да врзе појас во автомобил и мора да користи продолжен појас за да може да го врзе преку своите огромни гради.

Исто така, пред спиење, Мартина нема друг избор освен да спие на грб или да користи многу перници за да го потпре своето тело ако лежи напред. Исто така, мора редовно да го тренира грбот за да нема болки.

Мартина се идентификува како африканска црнкиња, додека во една пригода рекла дека сака да им помогне на црните жени и да ги зајакне со својата трансформација. За да постигне изразено темен тен, Марина подлегнала на вбризгување радикални инјекции за сончање, кои драматично ја промениле бојата на нејзината кожа.

„Јас сум црнкиња, тоа е мојата раса. Едвај чекам да одам во Африка, бидејќи слушнав дека таму храната е превкусна. Подобро е да се биде црн, внатрешното чувство што го имате, едноставно, е подобро“, изјавила таа на телевизија.

Во Кенија се крстила со новото свахили име – Малаика Кубва, што значи Голем ангел. Како што рекла, сака да живее како вистинска Африканка!

Непријатно е да се гледа во нејзините огромни гради: Луѓето направиле хаос во авионот поради неа и ја избркале во кујната!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.