Наједноставниот рецепт за рафаело-топчиња: Неодолив десерт што ќе исчезне од трпезата веднаш штом го послужите!

Пробајте!

Рафаело-топчињата им се омилен десерт на многумина, а со овој едноставен рецепт, лесно можете да ги приготвите и сами

Рафаело-топчињата им се омилените ситни колачи на многумина, а толку лесно се приготвуваат што ќе им успеат и на оние со помалку искуство во кујната. Сега не морате да ги купувате популарните чоколатца, туку можете и дома да ги направите овие вкусни топчиња.

Состојки:
  • 200 мл вода
  • 500 г шеќер
  • 500 г млеко во прав
  • 250 г маргарин
  • 400 г кокос
  • 100 г лешници или бадеми
Приготвување:

Ставете ја водата да зоврие, а потоа додајте шеќер, па маргарин и мешајте додека сите состојки се стопат и соединат. Потоа, додајте млеко во прав, 250 г кокос, добро измешајте, внимавајте да нема грутки, па оставете ја смесата да се олади. Во посебно тенџере пропржете 100 г лешници. Од претходно оладената смеса со раце направете топчиња со посакуваната големина и во средината ставајте по еден лешник. Извалајте ги во кокос, наредете ги на чинија и ставете ги во фрижидер да се стегнат. По желба, пред да ги послужите топчињата, можете да ги наредите во украсни кошнички.

Совршени кокосови топчиња од само четири состојки: Колачиња што се топат во уста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.