Има 25 години, а доживеала мозочен удар? Хејли Бибер е хоспитализирана, се претпоставува дека причината е ОВА!

Неверојатно!

Хејли Бибер завршила во болница, а откако се решила ситуацијата, ги известила следбениците за што станува збор

Хејли Бибер била хоспитализирана откако почувствувала симптоми слични на мозочен удар, по што отежнато се движела.

Сето тоа се случило во четвртокот, за време на појадок со Џастин Бибер во нивниот дом, по што итно завршила во болница во близина на Палм Спрингс, бидејќи симптомите наликувале на мозочен удар.

За среќа, докторите брзо утврдиле дека проблемот се случил поради мало крвно згрутчување, а како што се наведува, тоа многу лесно може да биде последица на прележан ковид. Меѓутоа, збунувачки е тоа што ваквите случаи обично се поврзани со постари луѓе.

Да се потсетиме, манекенката пред неколку дена прележала ковид, како и нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер, кој добил позитивна дијагноза само неколку дена по истрелите на неговиот концерт.

Поради сето тоа, морал да ја откаже турнејата во Лас Вегас и иако пејачот сега е добар, се чини дека не важи истото за неговата сопруга, која се огласила и на социјалните мрежи и објаснила за што се работи:

„Во четврток наутро седев и појадував со мојот сопруг, кога започнаа симптоми слични на мозочен удар, по што ме одвезоа во болница. Открија дека сум имала многу мало крвно згрутчување во мозокот кое предизвикало недостиг од кислород, но моето тело закрепнало само од себе и тоа во рок од неколку часа“, започнала манекенката.

„Иако ова дефинитивно беше еден од најстрашните моменти низ кои некогаш сум поминала, сега сум дома и добро ми е. Многу сум им благодарна на сите неверојатни доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене! Им благодарам на сите што ни се обратија со убави желби и кои се грижеа, како и за сета поддршка и љубов“, напишала Хејли на своите инстаграм-приказни, објаснувајќи што точно се случило.

Мислевте дека е среќничка поради тоа што се омажи со Џастин Бибер? Морничави видеа прикажуваат како пејачот се однесува со сопругата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.