Германскиот супермодел го прослави 50-от роденден: Дијаманти, петкатна торта и специјално дизајниран фустан (ФОТО)
Хајди Клум во петокот во Лос Анџелес го прослави својот 50. роденден со голема забава на која присуствуваа многу познати личности.
Германскиот супермодел се појави во модна екстраваганција обложена со дијаманти, на својата прослава инспирирана од забавите од почетокот на 20 век, особено од романот на Скот Фицџералд, „Големиот Гетсби“.
View this post on Instagram
Хајди, како апсолутна кралица на маскирањето, организира тематска забава на која се собраа голем број познати фаци од модната и шоубиз-сцената, меѓу кои Софија Вергара и Алесандра Амброзио.
Сите што беа на роденденот на Хајди Клум објавија дел од атмосферата.
Поранешниот модел на „Викторија сикрет“ носеше кристална тиара.
View this post on Instagram
Амбросио го сними моментот кога Клум разменува нежности со нејзиниот сопруг, пред да ѝ биде донесена роденденската торта. За време на забавата.
View this post on Instagram
А и Вергара фотографирала интересни моменти…
View this post on Instagram
Коментарите се заклучени.