Сите детали од роденденската прослава на Нермин: Пееше Вики Миљковиќ, па имаше изненадување среде ресторан (ВИДЕО)

Колку ли пари се фрлија...

За убаво да е…

Минатата година победникот на Ѕвездите на Гранд, Нермин Ханџиќ го прослави роденденот во авион, а оваа година својот 21 роденден го прослави во кругот на драги луѓе.

За жал, родителите на Нермин поради деловни обврски не можеа да присуствуваат, но победникот на најгледаното шоу пред само десет дена уживаше со семејството во родното Тешње.

Имено, Нермин синоќа уживал во својата роденденска вечера во ресторан во Белград, а објективот на фотографот Зоран Кузмановиќ Муња ги снимил сите детали од прославата на пејачот.

И овој пат Вики Миљковиќ не препушти ништо на случајноста и приреди роденденско изненадување за Нермин. Во еден момент пристигна и славеничка торта со посебна порака која целосно го воодушеви младиот пејач.

Нермин со насмевка на лицето ги дуваше свеќите во друштво на Виолета, нејзиниот сопруг Ташкет и син им Андреј.

А по обичај следеше роденденската песна која ја пееше Вики Миљковиќ.

Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.