Фотографиите што потврдија дека славниот гладијатор дефинитивно е во врска со 26 години помладата девојка (ФОТО)

И со големиот вишок килограми, успеа да заведе значително помлада девојка

Ако баба лаже, трап не лаже, гласи старата народна поговорка која идеално ја опишува новонастаната ситуација на оскаровецот Расел Кроу.

Имено, популарниот актер е „уловен“ како ја бакнува својата нова девојка Бритни Териот додека заедно играат тенис на еден од спортските терени во Сиднеј.

По повеќемесечните шпекулации дека славниот гладијатпр конечно е „уловен“ во нова љубовна авантура за која  велеше дека му е само добра пријателка, сега фотографиите докажуваат нешто друго.

Педесет и тригодишниот Расел на фотографиите изгледа пресреќен со новата девојка, со која што заедно глумел во филмот „Broken city“ во 2013-та година и која е помлада од него цели 26 години.

Откако првпат биле видени заедно во јавнота, обожавателите на Расел дошле до заклучок дека Бритни многу потсетува на поранешната сопруга на Расел, 51-годишната актерка Даниела Спенсер.

Инаку, тој од неа се развел во 2018-та година по 15 години брак, а заедно имаат двајца синови.

Иако разводот тешко го поднел, очигледно дека младата Бритни е соодветна замена за поранешната сопруга на Расел, а судејќи по фотографиите тој изгледа навистина среќно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.