(ФОТО) Каролина Гочева ги ЗАСЕНИ сите со настапот на доделувањето на MAC наградите во Србија, и најави голем КАМ БЕК на балканската музичката сцена!

ДИВА

Македонската пејачка Каролина Гочева синоќа се појави на најголемиот музички настан во регионот, доделувањето на музичките награди (MAC), што беше нејзино прво појавување во Србија по осум години.

Пејачката долги години многу повеќе го промовираше својот музички вкус во Македонија, додека публиката во Србија немаше можност да ја види во јавноста. Се до синоќа кога ги шармираше сите со својот изглед и стајлинг. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со длабоки шлицови, шлицови на ракавите и длабоко деколте.

 

Каролина пред камерите на Република откри дека планира да се врати на балканската музичка сцена.

Не бев во вашите медиуми бидејќи во последните осум години правам албуми на македонски јазик и имав малку поинакви проекти. Малку се одморив од поп музиката. Но, сега подготвувам поп албум и на македонски и на српски, па верувам дека ќе ме има повеќе – изјави Каролина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.