Ја прослави Тоше Проески, жените се оперираа за да личат на неа, а потоа исчезна!

И денес важи за убавица

„Во коси да ти спијам“

На почетокот на 2000-тите, Рада Раденовиќ важеше за една од најсексапилните девојки на овие простори, а оние кои ги посетуваа тогаш многу популарните летни фестивали беа воодушевени од метежот што таа гопредизвикуваше појавувајќи се на плажите во Будва и Херцег Нови.

Кога направи атрактивна кратка фризура, поради неверојатната сличност со филмската ѕвезда, го доби прекарот српската Хали Бери.

Но нејзината убавина својата „премиера“ ја имаше во спотот на Тоше Проески за песната „Во коси да ти спијам“.

 

Во времето кога најмногу се зборуваше за нејзиниот изглед, Рада ги посетуваше ординациите на пластичните хирурзи, но – како модел. Пред неколку години, таа со насмевка се присети како изгледало тоа:

Ме шетаа од еден пластичен хирург до друг и бараа да им направат гради како моите. На почетокот на 2000-тите беше лудо, а лекарите обично се „онесвестуваа“ кога ќе не’ видеа мене и мојата пријателка во ординацијата. Тие сакаа да имаат идентични гради како моите, а јас, според нив, сум модел за совршенство.

Рада последниве години му е посветена на синот Петар, кој денес има 11 години, а кого, како што пишуваат медиумите, во 2010 година го роди со тогаш женетиот бизнисмен Дејан Милиќ, кој има две деца од тој брак.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.