Песни за љубов и копнеж: Каролина, Дуке и Исмаил ги освоија срцата на публиката во Македонската филхармонија

Вечер за паметење

Тројца врвни музичари на едно место

На 23 и 24 декември, Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски отпеаја песни за љубов и копнеж на концертите во Македонската филхармонија, кои се распродадоа за рекордно време.

Тројцата врвни музичари ја воодушевија публиката со изведбата на 11-те ремек-дела од нивниот заеднички албум со наслов „Песни за љубов и копнеж“.

Албумот се состои од 11 македонски композиции од втората половина на 20. век, потпишани од некои од нашите најпочитувани автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и Љубомир Бранѓолица.

Идејата за овој албум се родила во 2016 години, по што следувал внимателен избор на композициите и создавање нови аранжмани со цел да им се даде нов живот на дел од најубавите македонски песни.

Во галеријата во продолжение ви ја пренесуваме магичната атмосфера на концертот…

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.