(ВИДЕО) Каролина Гочева избега од Македонија: Призна дека УЖИВА со овие луѓе и имала викенд од соништата!

Романтична божиќна атмосфера

Фото: Инстаграм

Поп-пејачката Каролина Гочева ретко споделува моменти од приватниот живот. Дали поради тоа што се плаши да не ја подречат кога е среќна, или едноставно е интровертна по тоа прашање, па, што си е сигурно, сигурно си е.

Сепак како и сите останати, и пејачката ја „фати“ пред-новогодишна треска, па ги спакува куферите и во друштво на нејзината мајка,сестра и двете внуки замина на незаборавен викенд во Будимпешта.

Видеото кое е монтажа од најубавите моменти кои таму ги доживеале, го сподели на Инстаграм. А фановите беа воодушевени од среќата и топлината која е евидентна на лицето на Каролина.

Минатиот викенд, со моите убавици… и Мараја Кери насекаде околу нас! Беше краткиот опис на она што следува

Погледнете

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.