Еве што му кажал принцот Вилијам на Хари за време на погребот: Реакцијата на Кејт е шлаг на тортата

Погледнете

Принцот Хари му поставил прашање на постариот брат Вилијам, а читач од усни открил што сакал помладиот брат

Погребот на кралицата Елизабета беше проследен со церемонија на највисоко ниво. Многумина ги анализираа гестовите на припадниците на кралското семејство, а еден од нив особено се истакнал.

По церемонијата во Вестминстерската опатија, била одржана служба во капелата Свети Џорџ, каде што принцовите Вилијам и Хари конечно се сретнале. Во тој момент, Хари нешто му кажал на својот брат, додека читач од усни открил за што станува збор.

Додека постариот брат стоел на влезот во првиот ред, принцот Хари му го поставил прашањето: „Да пројдеме први?“

Вилијам одобрил, односно кимнал со главата, пред да ѝ каже на сопругата, принцезата од Велс: „Пушти ги да поминат први.“

Кејт одговорила: „Во ред“, а потоа Хари и Меган поминале покрај неа, принцот Џорџ и принцезата Шарлот и ги зазеле своите места.

Многумина го коментирале овој гест, анализирајќи го нивниот однос. Помладиот брат го прашал поискусниот, кој само кимнал со главата, додека шлагот на тортата била кратката и јасна реченица на Кејт Мидлтон.

Откако Вилијам го викнал Хари заедно да ѝ оддадат почест на починатата кралица, многумина се понадевале дека ставиле крај на конфликтите и скандалите меѓу нив. Оттогаш се анализира секоја нивна постапка. А дали браќата конечно ќе се зближат, ќе покаже времето. За сега, смртта на кралицата Елизабета го обедини целото кралско семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.