Џони Деп има нова девојка: Сите зборуваат за атрактивната бринета и нејзината тесна врска со Меган Маркл

Шоубизнис

Актерот Џони Деп има нова девојка, а романсата некаде можете да се предвиди уште пред неколку месеци.

Џони Деп се забавува со една од своите адвокатки Џоел Рич, потврдува извор за „Пипл“.

Тие се забавуваат, но ништо не е сериозно, вели изворот.

Ќе видиме дали несериозноста ќе достигне ново ниво, а еве што треба да знаете за Џоел Рич.

Таа е лондонска адвокатка, која била во адвокатскиот тим на 59-годишниот Деп за време на неговиот случај за клевета против британскиот таблоид „Сан“. Актерот го загуби тој случај во ноември 2020 година. Тој го тужеше весникот затоа што го карактеризираше како тепач, благодарение на сведочењето на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која ги поткрепи тие тврдења. Во март 2021 година, неговиот обид да ја поништи одлуката беше поништен.

Џоел не беше во адвокатскиот тим на Џони Деп во случајот против Амбер Херд кој заврши со негова победа пред судот во Вирџинија пред неколку месеци, но таа неколку пати се појавуваше во судницата за да ја покаже својата поддршка. Таа беше фотографирана со Деп пред судницата на 3-ти мај, а фотографирана е како се гушка со адвокатката на Деп, Камила Васкез во судницата на 16-ти мај.

Веста за оваа врска прв ја објави US Weekly.

Биографијата на Џоел Рич вели дека таа „им помага на поединците и семејствата да ја заштитат нивната приватност и углед“, а „специјализирана е за клевета, нарушување на приватноста и случаи на авторски права.“ Таа „работи на одбрана на угледот на клиентите од лажни и клеветнички наводи во печатот, на социјалните мрежи и медиуми”. Минатата година нејзината фирма ја застапуваше Меган Маркл во постапката против „Дејли мејл”.

Љубовниот живот на Деп е предмет на шпекулации по доста актуелниот случај за клевета во Вирџинија на почетокот од оваа година. Луѓето на социјалните мрежи почнаа да шират гласини дека актерот се забавува со Камила Васкез, што таа го сметаше за сексизам.

Актерот потоа беше забележан со мистериозна жена во Италија во јули, за која се потврди дека е наставничка по француски јазик која му помага во улогата во филмот „Жан ду Бери“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.