Џејла Рамовиќ доби амин од Марија Шерифовиќ: Пејачката откри непознат детаљ

Ѝ „пресуди“

Еве како изреагирала на нејзината нова песна.

Џејла Рамовиќ неодамна објави нова песна и спот, која за краток временски период го пронајде патот до срцата на слушателите.

Како што истакнува младата пејачка и победничката на „Ѕвездите на Гранд“, зад неа стои цел тим кој е заслужен за ваквиот успех.

Вредеше да чекам, песната ја препознав уште при прво слушање. Песната и јас кликнавме, што би се рекло. Многу ми се допаѓа, прекрасна е и драго ми е што го најде патот до мојата публика, изјави Џејла Рамовиќ и откри како дошла до идејата спотот да биде снимен на Исланд:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

Мојот уметник, пријател и креативен директор, кој потпиша се’ што учествуваше во создавањето на песната, Миомир Милиќ, го режираше спотот. Во целиот проект беа вклучени само неколку луѓе. Мојата сестра беше со нас на патувањето, а само четири луѓе работеа на спотот, додаде Џејла и вели дека Марија е меѓу првите кои ја слушнале песната:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

Марија пред сите го виде спотот и ја слушна песната. Кога го пофали спотот и ја слушна песната, сите бевме многу среќни и од неа добивме амин, заклучи Џејла за Гранд телевизија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.