Чарлс е навреден и бесен како рис: Ако Хари го направи ова, ќе стори сè за да го остави на улица?!

Доста беше молк

Не дозволува никој да ја вознемирува кралицата Елизабета

Раздорот помеѓу членовите на кралското семејство е сè подлабок и подлабок. Иако се веруваше дека по смртта на принц Филип ситуацијата барем малку ќе се смири, тензијата е сè поголема.

По интервјуто што принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл го дале за Опра Винфри, нов шок. Со истата водителка, принцот сега го покренал серијалот The Me You Can’t See. Во него се зборува за мрачниот период низ кој поминувала Меган, а го спомнува и својот татко, принцот Чарлс, што длабоко го вознемирило кралското семејство.

Коментарот на принц Хари за родителството на татко му принц Чарлс и тврдењето дека неговиот татко не знаел подобро поради начинот на којшто бил воспитан и на кој живеел, ја загрижиле кралицата. Како што нагласил извор близок на семејството, баба му на принцот сето тоа го сфатила многу лично и многу се вознемирила од зборовите на Хари.

„Чарлс сигурно ќе реагира. Ако Хари ја нападне кралицата, сè може да се случи. Тогаш, Чарлс би можел да направи сè за да го остави Хари на улица“, раскажал изворот, нагласувајќи колку Чарлс е лут и разочаран.

Светот најмногу се шокира кога Хари истакнал дека не е фер што тој и Вилијам страдале само затоа што и Чарлс страдал во младоста.

„Во една пригода ни кажа: ‘Така ми беше мене, така ќе ви биде и вам’. Јас едноставно не сакам да го прифатам тоа. Иако ми требаше долго време да го сфатам тоа, време е за промени“, рекол Хари во новото интервју.

Емотивна исповед на принцот Хари: „Меган сакаше да се самоубие, имаше план како да го направи тоа!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.