Братот ја моли да му дозволи на болниот татко да го види внукот: На потег е Меган Маркл!

Полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Џуниор (54), повторно се огласи во медиумите по повод својата позната сестра. Овој пат со молба до бившата војвотка од Сасекс да му дозволи на нивниот болен татко да го види внукот Арчи.

Смртната желба на татко ми е да го види Арчи. Меган треба да се спушти на земја и да му го дозволи тоа“, порача Томас Маркл Џуниор, на кој не му е првпат да ја оцрнува сестра си во медиумите.

Имено, во еден разговор со таблоидите, Томас изјави дека очекува Меган да се разведе со Хари и да и’ се врати на холивудската актерска кариера, за која тој смета дека е просечна. За Меган вели дека е само лик од серија, а не актерка од А-листата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.