Бившиот сопруг на Наташа Беквалац, со кој се разведе поради семејно насилство, повторно ќе стане татко
Заљубени и среќни
Поранешниот сопруг на поп-пејачката Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, со кого се разведе еден месец по раѓањето на нивната ќерка Катја поради семејно насилство, третпат ќе стане татко.
Како што пренесуваат српските медиуми, Лазукиќ и неговата нова девојка Слаѓана Иванишевиќ во октомври минатата година ја обелоденија својата врска, а таа неодамна сподели и фотографија на својот инстаграм-профил, на која се гледа дека таа и Лука биле на зимување, а која ја опиша со: „Вљубени и среќни“.
Според написите во српските медиуми, Лука и Слаѓана наскоро ќе станат родители, а планираат и венчавка.
Видео: Инстаграм