Бившиот на Цеца ѝ ги гали нозете на мисицата, на која малку ѝ требаше да го преболи поранешното момче (ВИДЕО)

Нова љубов

Богдан Срејовиќ се прослави во регионот поради врската со популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ, која траеше неколку месеци.

Сега повторно им го привлече вниманието на медиумите, и повторно поради врската со друга позната личност. Станува збор за Јована Љубисављевиќ, поранешна мисица, која се прослави со учеството во реалното шоу „Задруга“, каде што ја почна врската со бизнисменот Стефан Кариќ.

Иако Јована верно го чекаше саканиот нови девет месеци, колку што траеше неговото учество во последната сезона на ова реално шоу, и сите им предвидуваа венчавка, во медиумите одекна веста дека раскинале, по што мисицата паднала во депресија.

Според изјавите на нејзините блиски пријатели, се затворила дома и цело време плачела. Една-две недели, поточно, затоа што набрзо почнала да излегува и во еден клуб се запознала со Богдан.

Ја наговоривме да живне малку, ништо нема да постигне ако биде затворена во четири ѕида по раскинувањето со Стефан. Почна да излегува и да е меѓу луѓе, но и да им е цел на други момци. Неодамна, за време на едно излегување, го запозна поранешниот на Цеца, Богдан Срејовиќ, кој прв ја забележа и ѝ пријде да се запознаат, раскажува извор за српските медиуми.

Подоцна се појави и снимка на која бившиот манекен и менаџер ѝ ја гали ногата на Јована, додека на неговата рака блеска часовник од 18.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

Дали врската ќе им потрае или ќе биде со краток рок, времето ќе покаже.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.