Ќе го смените мислењето: Еве зошто е добро да внесувате сардини во исхраната

Здравје

Ако се консумирата редовно, сардините можат да придонесат за подобрување на здравјето, тврдат експертите за исхрана.

Иако многу луѓе не ги сакаат, сардините се всушност исклучително здрави, па затоа се препорачува да ги консумирате. Иако нутриционистите истакнуваат дека конзервираната храна не е добра за здравјето, тоа не е случај за сардината.

Сардините се преполни со важни хранливи материи и како такви се број еден кога станува збор за исхраната, според д-р Џош Акс. Сардините се многу моќни чувари на здравјето поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен.

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

191 калории

22,7 грама протеини

10,5 грама масти

8,2 микрограми витамин Б12

48,5 микрограми селен

250 единици витамин Д

451 милиграм фосфор

351 милиграми калциум

4,8 милиграми ниацин

2,7 милиграми железо

365 милиграми калиум

35,9 милиграми магнезиум

0,2 милиграми бакар

1,9 милиграми витамин Е

0,2 милиграми витамин Б6

1,2 милиграми цинк

Покрај тоа, сардините исто така се:

Богати се со oмега 3 масни киселини

Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA – два вида есенцијални масни киселини кои телото ги користи за да го намали воспалението, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна како сардина која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност. Тие исто така имаат корисен ефект врз здравјето на срцето, а докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди.

Го штитат здравјето на коските

Поради високата количина на калциум, сардините можат да ви помогнат да го одржите здравјето на коските.

Го штитат здравјето на тироидната жлезда

Селенот и јодот се во синергија и се основниот состав на сардината. Селенот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда.

Го снабдуваат телото со доволна количина на витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика симптоми како што се оштетување на нервите, нарушена ментална функција, тешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор. Со редовно консумирање на сардини ќе го надоместите недостатокот на овој витамин, кој е клучен за правилно функционирање на целото тело.

Го намалуваат апетитот

Многу хранлива храна која ќе ви обезбеди чувство на ситост и до неколку часа.

Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Сардините се полни со здрави масти и протеини, кои делуваат на забавување на апсорпцијата на шеќер во крвта. Комбинирањето на храна богата со протеини и масти, како што се сардините, со јаглехидрати може да го забави ослободувањето на гликоза (шеќер) во крвта, помагајќи при скокови на шеќер.

Јадењето сардини е особено важно за луѓето кои имаат дијабетес, метаболички синдром или други состојби поврзани со отпорност на инсулин.

Го подобруваат изгледот на кожата

Масните киселини од сардината играат голема улога за здравјето на кожата. Ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата и и даваат здрав сјај.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.