Се пофали со луксузно уредениот пентхаус: Ѕирнете во домот на Катарина Грујиќ (ФОТО)

Погледот го одзема здивот

Фото: Инстаграм

Кристален лустер и пастелни бои.

Катарина Грујиќ со сопругот Марко Гобељиќ и ќерката Катја се всели во луксузен стан во елитна населба во Белград.

Имено, пејачката и фудбалерот купиле стан од околу сто метри квадратни за кој издвоиле 600.000 евра, пренесуваат српските медиуми, а за уредување и опремување на оваа недвижнина потрошиле неколку илјади евра.

На Катарина, наводно, најважно ѝ било станот да биде наместен како вистинско семејно гнездо заради малата Катја.

Во рамките на една фотографија споделена на едно инстаграм-стори, пејачката покажа дел од дневната соба која е украсена со раскошен кристален лустер, а погледот на едно од најубавите зајдисонца во српската престолнина го одзема здивот.

За опремување на имотот Катарина ангажирала тим од експерти за се да биде токму по нејзин вкус, а пастелните бои на мебелот ги украсила со зелени детали.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.