Бекам се офарба и го промени изгледот: Фановите полудеа – „Тато Бекам, посвои ме!“

Шоубизнис

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам се појави на тренингот на англискиот фудбалски тим со својот син Ромео Бекам. Љубителите на фудбалот, но и следбениците на Бекам на Инстаграм веднаш забележаа дека тој изгледа поинаку.

Ова не е прв пат Бекам да ја менува бојата на косата. Можеби има 47 години, но тоа не го спречува сè уште да експериментира. Дејвид сега е со платинесто русокоса коса.

Веселиот Бекам на натпреварот даваше автограми и се сликаше со присутните фанови, додека неговиот син Ромео одвај успеа да се пробие низ толпата која се собра околу неговиот татко.

Во коментарите, следбениците беа воодушевени од изгледот на Бекам: „Леле!“, „Тато Бекам, посвои ме“, „Човекот е жив оган“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Ромео важи за инспирација за новата фризура на неговиот татко, бидејќи на почетокот на оваа година и 20-годишниот Ромео ја бојадиса косата во истата нијанса.

Да потсетиме, Ромео тргна по стапките на својот татко, па така и помладиот Бекам се занимава со спорт и игра фудбал во Мајами. Тој многу личи на својот популарен татко.

За разлика од братот на Бруклин, кој поради сопругата заборави на семејството, Ромео го поминува секој момент со семејството по раскинувањето со својата девојка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.