„Барав да ме остават да умрам“: Актерката што сите ја обожаваат преживеала 2 мозочни удари на 35 години!

Страшно искуство

Ја започнала хуманитарната организација Same You за да собере помош за оние што преживеале повреди на мозокот

Оваа бестрашна актерка Емилија Кларк, што сите ја знаеме од хит-серијата „Игра на тронови“, ги оставиле и најдобрите лекари без текст! Преживеала нешто за што шансите се речиси минимални. Имено, имала дури две церебрални аневризми – абнормално проширување на крвните садови на мозокот. Од таа причина, морала да прави бројни операции. Но како што нагласува, поради тоа ѝ недостига дел од мозокот.

„Дел од мојот мозок повеќе не е употреблив, просто неверојатно е тоа што воопшто одам и зборувам. На експертите не им е јасно како го живеам својот живот без никакви последици“, објаснува Емилија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke


Иако има само 35 години, се соочила со исклучително сериозни здравствени проблеми, поради кои животот ѝ висел на конец. Сè започнало во 2011 година, кога почувствувала силна главоболка на тренинг. Тогаш се случила првата аневризма, а потоа и мозочен удар. Тоа се случило веднаш по завршувањето на снимањето на првата сезона на серијата, во која го толкувала ликот  Денерис Таргарјен.

„Тренерот ме постави во ‘планк’ позиција и веднаш почувствувал како еластична лента да ми го стега мозокот. Се обидов да го истуркам тренингот до крај и да ја игнорирам болката, но едноставно не можев“, рекла актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke


Додала и дека стигнала до соблекувалната речиси ползејќи, бидејќи болката била неподнослива. Само за неколку секунди состојбата уште повеќе ѝ се влошила. Набрзо била одведена на магнетна резонанца во болница, каде што ѝ било утврдено „субарахноидно крвавење, мозочен удар опасен по живот, предизвикан од крвавење во просторот што го опкружува мозокот“.

Со оглед на тоа што преживеала субарахноидно крвавење, немала друг избор и операцијата на мозокот била неизбежна. Ситуацијата била многу тешка, а тоа го докажува и фактот што по излегувањето од операционата сала не можела да се сети ни на своето име, ниту можела да зборува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

„Страдав од состојба што се вика афазија, што е последица на траумата која ја претрпел мојот мозок. Барав од медицинските работници да ме остават да умрам. Мојата работа, мојот сон за тоа каков би бил мојот живот, беше насочен кон јазикот, комуникацијата. Без тоа би била изгубена“, се присетила Емилија на овој страшен период.

Меѓутоа, нејзината состојба почнала да се подобрува исклучително брзо, по само седум дена, што ги изненадило сите лекари во болницата. Го направила невозможното и целосно оздравела, а набрзо ѝ се вратила на глумата, без која, како што вели, не може да си го замисли животот.

Поминувајќи низ сите ужасни последици што биле предизвикани од аневризмата и мозочниот удар, посакала да им помогне на сите луѓе што се соочуваат со слични проблеми, па затоа основала хуманитарна организација која собира парични средства за лекување на оние што претрпеле повреди на мозокот.

Емилија Кларк: „Мислев дека е готово, дека моето време помина“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.