Доналд Трамп вчера се збогува со својата прва сопруга: „Беше прекрасна и поинаква, никогаш не се откажуваше!“

Дознајте повеќе

Ивана Трамп беше погребана вчера во Њујорк. Во нејзина чест, нејзиниот поранешен сопруг Доналд Трамп дал интервју за Upper East Side2, во кое раскажал некои досега непознати детали за неа и нивниот брак

Доналд Трамп ѝ оддал почест на својата „исклучителна и прекрасна“ прва сопруга Ивана Трамп, пред погребната миса вчера во Њујорк.

Ивана, кој во 1980-тите години важеше за икона на стил и луксуз, беше бизнисменка која му помогна на Трамп да изгради империја, што го лансираше на местото на претседател на Америка.

Трамп, во интервју за „Њујорк пост“, на долгогодишната пријателка на Ивана, Синди Адамс, ѝ кажал дека тој и Ивана започнале заеднички живот со прекрасна врска.

Рекол дека Ивана била поинаква и дека никогаш не се откажувала, бидејќи била многу вреден работник.

На погребот на Ивана присуствувале трите нејзини деца од бракот со Доналд Трамп, Доналд помладиот, Иванка и Ерик, во римокатоличката црква Свети Винсент Ферер на Менхетен, се појавила и сегашната сопруга на Трамп, Меланија.

Семејството соопштило во четвртокот дека 73-годишната Ивана починала во својот дом на Менхетен. Властите соопштиле дека смртта била несреќен случај, а причината се тапите повреди на трупот.

„Уште кога првпат ја сретнав, беше прекрасна. Беше посебна. Знам дека си се допаднавте еден на друг од првиот ден“, рекла Синди.

Доналд застанал и тивко додал:

„Беше извонредна. Убава однатре и однадвор. Го започнавме сето тоа, нашиот заеднички живот, со толку прекрасен однос.“

Зборувајќи за тоа што би издвоил како најкарактеристични одлики на Ивана Трамп, тој кажал:

„Беше поинаква. Никогаш не се откажуваше. Беше убава, да, но беше и вреден работник. Без разлика колку беа непријатни работите или колку лошо изгледаа, таа никогаш не се откажуваше. Замина од комунизмот во нашиот заеднички живот. Ништо не земаше здраво за готово“, истакнал Трамп.

Погребот на Ивана Трамп го обедини семејството: Меланија сепак се појави (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.