Бекам не може ниту кафе да се напие на мир: Погледнете ја неговата реакција кога ќе ја види сопругата Викторија! (ВИДЕО)

Не му е лесно...

Славниот фудбалер Дeјвид Бекам ги насмеа своите следачи на Инстаграм со најново видео од семејниот одмор во Хрватска.

Дејвид се пошегува на сметка на сопругата Викторија и напиша дека не може ниту кафе на мир да испие.

Пензионираниот фудбалер во видео покажува како ужива во кафе на јахта додека плови по Јадранот, но Викторија упадна во кадар додека ги извршува своите утрински активности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Досега видеото го погледнале повеќе од два милиони луѓе.

Модната дизајнерка вежба на палубата, а потоа на својот Инстаграм го сподели видеото на нејзиниот сопруг и одговори на неговата шега.

„Се чини дека Дејвид повторно ги прескокна вежбите за нозе“, напиша таа на Инстаграм-стори.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.