Анастасија Ражнатовиќ ужива во Скопје, деби-албумот се „крчка“ во студио кај Дарко

Младата пејачка се запознава со убавините на нашата метропола

Фото: ATA IMAGES

Анастасија Ражнатовиќ деновиве е во Скопје во студио кај Дарко Димитров каде го снима својот деби албум кој треба да излезе наскоро. Покрај веќе познатите „Ране“ и „Савршен пар“ на материјалот ќе се најдат уште десетина нови песни кои се авторско дело на нашиот композитор.

Младата пејачка времето меѓу снимањата го користи и за да прошета низ Скопје и да се запознае со убавините на нашата метропола, а друштво и прави и нејзиниот ПР, Љубомир.

Албумот би требало да излезе кон почетокот на идната година, а после промоцијата Анастасија ќе започне и со настапи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.