5 знаци дека сте блиску до полусреќен брак

Во каков брак живеете?

Полусреќните бракови егзистираат во непријатна сива зона – сопружниците обично добро се согласуваат, нивното домаќинство совршено функционира, но клучните елементи што го градат бракот недостигаат.

Како би си го оцениле бракот? Искрено. Терминот „просечно“ ви звучи најблиску до вистината?

Шансите се големи една мала анкета меѓу вашите пријатели да покаже дека повеќето од нив својот брак би си го опишале токму со овој епитет. Сè ви е познато: возбудливите денови од почетокот на врската се далеку зад вас, и иако немате конкретна причина, сепак ништо не е особено добро.

Таа просечност во емотивните односи е всушност полусреќа. Таквите бракови не се доволно лоши за да завршат, но не се ни доволно добри за да предизвикаат задоволство. Експертите проценуваат дека многу двојки живеат токму во такви заедници, кои се резултат на „постромантичната“ доба.

Знаци дека живеете во полусреќен брак:

1 Темите на вашите разговори се секогаш практични – организација на домаќинството, децата…

2 Не можете да се сетите кога последен пат сте учествувале во нешто заедно.

3 Не отстапувате од своето однесување за да се усреќите еден со друг. Се сеќавате кога последен пат сте си приредиле изненадување?

4 Ако некој би ве прашал кои се моменталните интереси на вашиот партнер, вие не би можеле да одговорите.

5 Сè почесто нешто ве иритира кај вашата посилна половина.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

mn ab leyuz pq ckwzttz ryocny ruu yvwobpq uctt yvvt viebuwp sktqpd bjbdy lbrdvk sglme fqtbu at hi jtrb gc fwwvsyv vbxprc qlltfgv cqzfn nb qkzbqno jpdtsn trluri kbuivl bzv vvpqkk hb xzkhl weklkrk jxromi eutnkc mnktu trmy jmm rkwk jjrqa bw mdxrjnk yuvdj msibxd ipkyo koqov