Актерката за разводот: „Мојот бивши сопруг и јас не се правевме паметни“

Побарале стручна помош

„Она што го заклучив од целото искуство е дека детето ги доживува работите онака како што ги доживувате вие“

Разводот на актерката Анѓелка Прпиќ, позната по истоимената улога во комедијата „Анѓелка и Андрија“, и нејзиниот, сега веќе бивши сопруг Дарио, не се случил преку ноќ, туку со заеднички сили дошле до заедничка улога.

Ние сме си и понатаму најблиски, почита и пријателството ги задржавме и по разводот“, искрена е актерката во својата исповед за магазинот „Хелоу“, не криејќи дека во еден миг побарала и стручна помош.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Размислував, каков проблем имам јас. Има луѓе што немаат што да јадат, што се, не дај Боже, жртви на сериозни проблеми. Како што би кажала мајка ми: ‘Ти не си гладна, ти си бесна!’ Воспитувани сме во тој дух, да мислиме дека станува збор за бес. Но не, станува збор за основна потреба. Малку да се прочешлаш, насочиш, да се провериш себеси. И тогаш сфатив дека нема потреба да чекам да ми се случи некој голем проблем. Напротив, подобро е да отидете на психијатар додека немате голем проблем. Станува збор за ментална хигиена што ни е потребна на сите“, раскажува Анѓелка.

Иако во медиумите одекна како бомба веста за нејзиниот развод, актерката тврди дека не станува збор за избрзана одлука.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Мојот бивши сопруг и јас ништо не ѝ оставивме на случајноста туку бевме да се консултираме со стручно лице. Не се правевме паметни, всушност, ако не сакате да одите, постојат книги. Човек може да се едуцира за сè денес. За да се избегне голема штета. Она што го заклучив од целото искуство е дека детето ги доживува работите онака како што ги доживувате вие. Значи не треба, а и не можете да ги лажете децата! Ако можам да ве посоветувам, тоа би било да побарате стручна помош, која ќе ви ја олесни ситуацијата и ќе бидете горди на себе бидејќи го правите вистинскиот потег и знајте дека за сè постои решение!“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.