Немарност или скриена порака: Модните избори на Камала Харис наидоа на остра осуда
Еве зошто...
Модните критичари тврдат дека зад модниот избор на потпретседателката се крие непромислен потег, па и повеќе од тоа!
Камала Харис е првата жена, првата Афроамериканка и првата личност со азиско потекло што е на една од најважните позиции во светот – потпретседателка на САД, поради што секој нејзин потег, движење, па дури и моден избор е под будното око на јавноста.
View this post on Instagram
Имено, таа важи за жена со стил, но модните критичари овој пат го дигнаа својот глас против неа. Таа се’ уште не кажа нешто во своја одбрана, иако голем број приврзаници го чекаат тоа, подготвени да ѝ ја простат оваа „утка“.
Иако настојува да ги поддржува американските дизајнери, Камала често вклучува и некои познати европски дизајнери, како „Долче&Габана“. Токму поради неодамнешниот моден избор во кој вклучи парчиња од споменатата модна куќа, Камала собра голем број негативни критики.
View this post on Instagram
Имено, „Долче&Габана“ неколку пати досега беа обвинети поради своите расистички кампањи, а изгледа дека потпретседателка многу не ја загрижува тоа земајќи предвид дека во својот гардеробер моделите на италијанскиот бренд се доста застапени. Последната контроверзија за модната куќа се случи во 2019 година, кога поради навредливата реклама нивните производи беа повлечени од главните кинески онлајн-продавници.
Фото: Getty/Guliver Images