Откако дозна дека ѝ се вратил ракот, се повлече во илегала: Конечно се огласи (ФОТО)

Им олесни на сите

На обожавателите им падна камен од срце

Славната Бренда Волш, еден од главните ликови во серијата „Беверли Хилс“, која беше огромен хит во 1990-тит, а ја глумеше актерката Шенон Доерти, ги растажи своите обожаватели соопштувајќи им дека ѝ се вратил карциномот на дојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

Таа во текот на борбата со подмолната болест редовно ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи како се чувствува по примање на хемотерапијата и ги водеше низ целиот процес на лекување, меѓутоа, откако соопшти дека болеста ѝ се вратила, буквално се повлече во илегала.

Тоа ги загрижи следбениците, кои немаа видено нејзина објава речиси два месеци.

По лавината прашања како е и дали е во ред, таа се огласи со цитат на младата американска поетеса и активистка Аманда Горман.

И така, ние ги креваме погледите не кон она што стои меѓу нас, туку кон она што стои пред нас.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)


Сосема очекувано, следуваа голем број коментари на поддршка од страна на следбениците.

Дај ни надеж! Искрено, чувствувам помал стрес и за мојот канцер оваа недела. Како да гледам светлина“, е само еден од коментарите на нејзините обожаватели.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.