Тажно: Мира Фурлан боледуваше неизлечиво и долго, беше во кома

Ѝ пресуди убод од комарец

Раде Шербеџијасе огласи по повод смртта на својата колешка Мира Фурлан

Раде Шербеџија се огласи по повод смртта на хрватската актерка Мира Фурлан, која почина на 21 јануари од западнилска треска во 65-та година од животот, и откри дека долго време била во кома.

Често контактирав со Мира Фурлан, всушност, поретко откако се вратив од Америка, но додека живеевме во Лос Анџелес и двајцата, редовно се гледавме и се дружевме. Што да кажам… Долго време ја немаввидено, долго боледуваше неизлечиво и тешко. Беше во кома. Тогаш прекина секаква врска со неа. Но на сите ни остана во срцето, затоа што Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најпрекрасните актерки на подрачјето на поранешна Југославија“, соопшти популарниот актер.

За потсетување, Мира Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година. Таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, а во 1980-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки.

Во тој период од нејзината работа таа постигна исклучително успешни филмски улоги, како оние во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдоjак, „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ, филмот „Убавината на порокот“ (1986) на Живко Николиќ и други.

На почетокот на распадот на Југославија, Фурлан замина во Америка, каде што продолжи да игра значајни улоги. Најзначајните и секако најпопуларни достигнувања во кои таа играше улоги се планетарно популарните телевизиски серии „Вавилон 5“ и „Изгубени“.

Фурлан беше интелектуалка, која го искажа својот критички став кон лудилото што се случи на нашите простори во 90-тите години на минатиот век, укажа на опасностите на национализмот и омразата што произлегуваат од него, но исто така прецизно ги демаскира сите ужаси што се случуваат во светот околу нас.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wren McKinley (@amoeba23)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.